Friday, November 7, 2014

Агрегатна состојба на телата

Телата во природата можат да се најдат во три агрегатни состојби : цврста, течна и гасовита. За да го воочиме начинот на промена на агрегатната состојба на телата, ќе ја искористиме симулацијата „ Состојби на материјата “. Откако ќе го отворите линкот, кликнете на копчето Превземи и стартувајте ја програмата. Следете ги следните напатствија:



Упатство:

1. Одберете го табот Цврсто, течно, гасовито.
2. Во делот за Молекули одберете Неон ( Група 1 ), Аргон ( Група 2 ), Кислород ( Група 3 ) и Вода ( Група 4 ).
3. Во делот за Промени состојба разгледајте ги состојбите на молекулите во цврста, течна и гасовита состојба
4. Објасни ја структурата на молекулите во трите агрегатни состојби ( какво е растојанието меѓу молекулите и какво е нивното движење ).

цврсто тело  ___________________________________________________________
течност _______________________________________________________________
гас ___________________________________________________________________

5. Одберете Цврсто.
6. Со копчето Топло/ладно зголемувајте ја температурата во садот и внесете ја во табелата забележената температура при која состојбата на молекулите во садот се менуваат.
7. Во табелата при секоја промена на температурата внесете ја забележаната промена во движењето и состојбата на молекулите.
8. Повторете ги чекорите 6 и 7, со тоа што овој пат ќе ја намалувате температурата во садот.
9. Каков заклучок изведовте?

Супстанција
Агрегатна состојба
Температура ( К)
Состојба на молекулите

Цврста




Течна




Гасовита





Заклучок:

Fizika blog


Основно училиште:„Никола Карев“

Одделение: VIII

Број на час:

Наставник: Ирена Пурцова Крстова

Предмет:  Физика
Датум:   
                09 2014


Тема 1

Тела, супстанции, физички величини и мерење на физички величини

Наставна Содржина
вовед во физиката

Цели на часот
Ученикот:
-Да се запознае со предметот на изучување на физиката;
-да се запознае со поимот материја и нејзините основни својства:материјата се движење,и таа неможе ниту да се создади ниту да се уништи;
-да се запознае со постапките и методите што се користат при изучување на природните појави ( што е експеримент).

Потребни материјали:


Прибор за пишување, учебник, магнети, шајчиња, оптичка призма, балон, ситни хартиени ливчиња,волнена крпа.
Наставни методи:
-метод на монолог;
-метод на дијалог;
-метод на разговор
-експериментален метод;
-дескриптивен метод.